Редовното одржување на внатрешната грејна инсталација е од суштинско значење за квалитетот на греење.

Согласно со важечките законски и подзаконски акти, одржувањето на внатрешната грејна инсталација е одговорност на потрошувачите. Потрошувачите се грижат за функционалноста на внатрешната грејна инсталација самостојно или со ангажирање на компании или стручни лица кои се занимаваат со одржување на системи за греење.

Како кориснички ориентирана компанија ЕСМ Дистрибуција на топлина на сите свои потрошувачи со кои што има потпишано договор за снабдување со топлинска енергија им нуди услуга за решавање на нивните проблеми со внатрешната грејна инсталација.

Решавањето на проблемите со греењето, поради неинформираност или пониски цени, потрошувачите често го препуштаат на нестручни лица или фирми кои не можат да дадат гаранција за квалитетот на извршената услуга. Ангажманот на вакви лица или фирми често води кон сериозни штети, дури и хаварии за самите потрошувачи, нивните соседи и грејниот систем во целина.

Во таа насока, со цел надминување на овие проблеми и ризици кај потрошувачите, ЕСМ Дистрибуција на топлина преку одделение за сервис на внатрешна инсталација – МОЈ СЕРВИС им нуди на потрошувачите квалитетна опција за решавање на нивните проблеми со внатрешната грејна инсталација.

Сервисот е составен од искусни, обучени стручни лица за оваа дејност вклучувајќи и инженерски кадар со високи компетенции за решавање на различни проблеми со грејните инсталации кај потрошувачите.

МОЈ СЕРВИС нуди професионални сервисни услуги за утврдување на причината за дефекти на грејната инсталација на потрошувачите со цел да се осигура нејзината функционалност за квалитетно снабдување со топлинска енергија.

МОЈ СЕРВИС работи по највисоките професионални стандарди на ЕСМ Дистрибуција на топлина, според строго дефинирани процедури за работа, рокови и цени за работна рака и материјали. Нашиот високо-стручен професионален кадар на располагање има нови и безбедни товарни возила, опремени и оспособени по сите стандарди за извршување на оваа дејност.

Корисниците на услугите на МОЈ СЕРВИС пред почетокот на сервисната интервенција преку работен налог ќе бидат уредно инфомирани за висината на работната рака и материјалите кои ќе бидат употребени. Со цел корисникот да се осигура дека услугата ќе биде завршена според договореното во прилог на работниот налог ќе се потпише и Договор за сервисни услуги со кој ќе се регулираат правата и обврските на корисникот на услугите и на сервисот.

По успешно завршувањето на сервисната услуга Корисникот истата може да ја плати директно кај одговорните лица (непосредните извршители) од МОЈ СЕРВИС преку ПОС терминал (платежна картичка), за што потоа преку пошта ќе му биде доставена фактура за платена сервисна услуга. Доколку, потрошувачот нема платежна картичка предвидената сума мора претходно да ја плати преку уплатница во пошта или банка па потоа ќе се изврши сервисната интервенција.

За да можете да поднесете барање за сервисни интервенции потребно е да имате потпишан договор за снабдување со топлинска енергија со ЕСМ Снабдување со топлина. 

Вашите барања за сервисни интервенции при дефект на внатрешна грејната инсталација можете да ги доставите до Центарот за грижа на потрошувачи на еден од следните начини:

  • Со пополнување на формулар на пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина
  • Со јавување на телефонскиот број на Центарот за грижа на потрошувачи: 02 3076 200 – опција 5
  • Со праќање порака на е-пошта: contact@esm-distribucija.mk

 

МОЈ СЕРВИС – Брзо. Ефикасно. Гарантирано