Во моментов, поради технички дефект на системот за контрола и управување на дистрибутивниот систем, забележани се нарушувања во испораката на топлинска енергија во некои објекти.
Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се активно ангажирани на терен и работат на отстранување на дефектот и овозможување на нормалната испорака на топлинска енергија во најкраток можен рок.
Сите ресурси се ставени во функција за брзо решавање на проблемот.