По интензивната работа на екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина во текот на ноќта, дефектот на секундарниот вод DN300 од дистрибутивната топлинска мрежа е целосно саниран. Снабдувањето со топлинска енергија за засегнатите потрошувачи во општина Аеродром е нормализирано.
ЕСМ Дистрибуција на топлина останува посветена на навремено и ефикасно отстранување на сите непредвидени дефекти, со цел да обезбеди сигурна и континуирана испорака на топлинска енергија за сите потрошувачи.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.