Почитувани потрошувачи,
Ве известуваме дека поради неопходна надградба на системот од страна на НЕОТЕЛ, главниот контакт телефонски број на Центарот за грижа на потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина, 02 30 76 200, ќе биде привремено недостапен во период од приближно 24 до 48 часа.
За време на овие активности, Ве молиме да го користите алтернативниот телефонски број за контакт со Центарот за грижа на потрошувачи: 075 400 100, или да пишете на електронската пошта: contact@esm-snabduvanje.mk. Овие можности за контакт ќе бидат достапни додека примарниот телефонски број повторно не биде во функција.
Се извинуваме за евентуалните непријатности и Ви благодариме на разбирањето. Оваа надградба е неопходна за обезбедување на поквалитетни и ефикасни услуги за сите потрошувачи.