Согласно регулативата, официјално заврши грејната сезона 2024/2025 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје.
Во оваа грејна сезона, под водство на управителот Петар Милетиќ, постигнати се најниски топлински загуби во историјата на дистрибутивниот систем.
Во текот на ремонтниот период, кој трае од 01.05.2025 до 30.09.2025, ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе спроведува редовни активности за обезбедување на непречена, квалитетна и ефикасна испорака на топлинска енергија. Во овој период ќе се вршат испитувања на дистрибутивниот систем со цел подобрување на неговата безбедност и функционалност.
Ги информираме потрошувачите дека првите вентили (на довод и поврат) на влез во своите топлински потстаници во ремонтниот период потребно е да бидат во затворена положба, со цел избегнување на штети настанати од истекување на вода од грејната инсталација.
За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи, на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100.