Завршена фаза 1 од изградбата на секундарниот топловод во населбата „11 Октомври“

Во рамки на оваа фаза, изведен е топловод со вкупна должина од 489 метри, со користење на предизолирани цевки со номинален пречник ДН200.

Работите се реализирани согласно важечките технички стандарди и нормативи за изведба на дистрибутивни системи за топлинска енергија.

Изградбата на овој топловод има за цел да обезбеди сигурен, ефикасен и одржлив систем за централно греење во овој дел од градот, со што се создаваат услови за поврзување на нови потрошувачи и подобрување на квалитетот на услугата.

Проектот е дел од пошироката динамика за проширување и модернизација на топловодната мрежа во урбаните заедници, а продолжението на активностите ќе следи во наредните фази согласно усвоената динамика на работа.