ПРЕКИН НА ИСПОРАКА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА КАЈ ПОТРОШУВАЧИТЕ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИ ЗАГУБИ НА ВОДА ОД ДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА

Поради зголемените загуби на вода во системот, топланите Исток и Запад не испорачуваат топлинска енергија неколку часа.

Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилност и нормализација на снабдувањето. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо враќање на редовната испорака на топлина до потрошувачите.