По извршените интервенции на екипите на ЕСМ Дистрибуција, испораката на топлинска енергија е нормализирана во реонот кај Капитол и во Карпош 1, кон општина Центар.
Екипите на ЕСМ Дистрибуција продолжуваат со активности на терен за целосна стабилизација на системот и навремено откривање, локализирање и отстранување на преостанатите дефекти во дистрибутивната мрежа во следните реони:
- Реон Железничка (ул. Јордан Мијалков): 50 Дивизија бр.26,33,35 и Железничка бр.40А и 44
- Реон Центар: Даме Груев бр.1,3; Кирил и Методиј бр.2,6,10,14,16; Кочо Рацин бр.40; бул. 11 Октомври бр.14
- Реон Карпош 1: Руѓер Бошковиќ ББ (Детски диспанзер)
За повеќе информации, граѓаните можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефоните (02) 3076 200 и 075 400 100.