Поради замена на дефектен вентил ДН500 на главниот вод за Општина Кисела Вода, од кој неконтролирано истекува вода од дистрибутивната мрежа, испораката на топлинска енергија од 11 часот ќе биде прекината за следните потрошувачи (по улици):
- Антон Попов
- Божидар Аџија
- Борис Трајковски
- Боте Боцевски
- Вера Јоциќ
- Виктор Иго
- Георги Димитров
- Димо Хаџи Димов
- Дичо Петров
- Доситеј Обрадовиќ
- Дебарска (14-ти Декември)
- Ѓорѓи Сугаре
- Емил Зола
- Иван Козаров
- Козјак
- Киро Крстевски
- Локов
- Мишко Михајловски
- Михаил Чаков
- Михаил и Ефтихиј
- Марко Цепенков
- Народни Херои
- Петар Дељан
- Тодор Паница
- Тоне Томшиќ
- Томе Арсовски
- Христо Татарчев
Се очекува дека нормална испорака на топлинска енергија ќе се воспостави по неколку часови, односно во текот на денешниот ден.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.