Дефектот на дистрибутивната мрежа кој вчера предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, е лоциран и изолиран на вод ДН125 на бул.Крсте Мисирков. Во моментов, екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен и интензивно работат на санација на дефектот. Поради тоа, прекин на испораката на топлинска енергија има кај следните потрошувачи:
- Крсте Мисирков бр.7А, 7Б, 9, 11, 13, 15, 17
- Филип II Македонски бр.22
- Ул.191 бр.14Б
Дефектот се очекува да биде саниран во текот на денешниот ден.
Испораката на топлинска енергија за останатите потрошувачи во дистрибутивниот систем се одвива непречено.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.