Нормализирана испораката за најголем дел од потрошувачите

По вчерашниот прекин на испораката на топлинска енергија за потрошувачите во Стара Скопска Чаршија и општина Центар, испораката е нормализирана за најголем дел од потрошувачите. Прекин во испораката на топлинска енергија сеуште има кај:

Опшина Центар:

  • Пролет бр.17 – Сообраќајна полиција

Стара Скопска Чаршија:

  • Макарие Фрчковски бр.8 – Национална установа Конзерваторски центар
  • Евлија Челебија ББ – Музеј на РСМ и Национална установа Конзерваторски центар
  • Прохор Пчински бр.30 – ОУ “Јашар Беј Шкупи” 

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен и интензивно работат на санирање на дефектите и на нормализирање на испораката на топлинска енергија и за овие потрошувачи.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина на броевите 02 3076 200 и 075 400 100.