Во лабораторијата за испитување на мерила на топлинска енергија и проток, може да се врши проверка на мерилата со кои се мери потрошувачката на топлинска енергија и вода. Со опремата во лабораторијата може да се испитуваат, механички, ултразвучни и електромагнетни водомери за ладна и за топла вода, сензори за проток на вода, отпорнички термометри и термометри со течност во стакло, како и компактни и раздвоиви мерила на топлинска енергија.
Лабораторијата, единствена од овој вид во земјава нуди услуга за испитување на мерилата кои до сега се испитуваа во лаборатории надвор од државата, со што се овозможува намалување на трошоците за испитување на мерилата и заштеда на средствата на компании кои се бават со снабдување со вода, со што се подобрува квалитетот на услугите кон граѓаните.
Исто така, преку оваа лабораторија, потрошувачите, имаат можност да се уверат во исправноста на мерилата доколку од некоја причина се сомневаат во исправноста на мерилата поставени во нивните домови и комерцијални објекти.
©2025 Сите права се заштитени
ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА
Наши страници