Со јавување и оставање звучна порака на еден од телефонските броеви 02/3076-200 или 075-400-100.
Празнење на водата од грејната инсталација на објектот се врши по поднесено барање од страна на потрошувачот, сопственик на посебен дел од објектот, во еден од наплатните пунктови на ЕСМ Снабдување со топлина. При поднесување на барањето, потребно е потрошувачот да прикаже на увид документ за идентификација. Трошоците поврзани со услугата за празнење на водата од грејната инсталација се обврска на потрошувачот. Доколку сопственикот на имотот не е во можност лично да дојде во наплатниот пункт, може да ополномошти друго лице, кое во негово име ќе ги потпише потребните документи.
Службите на ЕСМ Дистрибуција на топлина го вршат празнењето на водата од грејната инсталацијата, во термин претходно договорен со подносителот на барањето. Во текот на грејната сезона, ваквите активности по правило се вршат навечер, по прекин на работата на топланите, со цел да не се наруши испораката на топлинска енергија кај останатите потрошувачи во објектот. По завршување на интервенцијата, потрошувачот е должен тоа да го пријави во Центарот за грижа на потрошувачи, со цел службите на ЕСМ Дистрибуција на топлина да ја наполнат грејната инсталација со вода.
Дефинирани се рокови за држење на грејната инсталација без вода и тоа:
Проблемите со течење или квалитет на греење се пријавуваат во Центарот за грижа на потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина, на телефонските броеви 02/3076 200 и 075 400 100 со избирање на опција 1 или 2, соодветно.
©2025 Сите права се заштитени
ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА
Наши страници