Циркулација на вода низ системот

ЕСМ Дистрибуција на топлина започна со спремање на дистрибутивната мрежа за претстојната грејна сезона и пуштање во функција на топлинските потстаници.

До 30.09.2026 година, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот низ системот ќе се врши ладна циркулација на водата од топланите, со цел да се направат неопходните проверки на состојбата на дистрибутивната мрежа и потстаниците.

Воедно, ги повикуваме сите корисници навремено да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации и интервенциите да ги пријават во Центарот за грижа на потрошувачи. Исто така, важно е заедниците на сопственици да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно напојување со електрична енергија, што подразбира платени сметки и функционална електрична инсталација.

02/3076-200

075/400-100