Нормализирана испораката на топлинска енергија во населбата Водно

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина во текот на денешниот ден брзо го лоцираа и санираа дефектот на секундарниот вод во населбата Водно. Во попладневните часови испораката на топлинска енергија кон засегнатите потрошувачи беше нормализирана.

За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.