Прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите на ул.Орце Николов и ул.Мирка Гинова

Поради дефект на топловодната дистрибутивна мрежа, која поминува низ имот на ул.,,Мирка Гинова” бр.11 Скопје, за кој на операторот на системот за дистрибуција му е оневозможен пристап за санирање од страна на сопствениците на имотот, испораката на топлинска енергија е прекината за следните потрошувачи:

– Ул.,,Орце Николов” бр.162, бр.162А, бр.164, бр.168, бр.170, бр.172 и бр.176

– Ул.,,Мирка Гинова” бр.9, бр.11, бр.13, бр.15 и бр.25

Од страна на операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија се преземат сите средства за решавање на настанатата ситуација и што поскоро обезбедување на стабилно и сигурно снабдување со топлинска енергија.