Саниран е дефектот кај поголем дел од објектите

Екипите на ЕСМ Дистрибуција успешно ја нормализираа испораката на топлинска енергија за објектите што имаа проблеми во текот на денешниот ден.

Денес, екипите активно работеа на отстранување на техничкиот дефект на системот за контрола и управување на дистрибутивниот систем.

Активностите ќе продолжат и утре, во раните утрински и претпладневните часови, сè додека не се извршат интервенции во преостанатите објекти