Успешно е завршена изградбата на дистрибутивниот топловод во рамки на проектот Е2 3 – фаза 2, како дел од континуираните активности за проширување и унапредување на системот за дистрибуција на топлинска енергија.
Проектот опфати изградба на топловодна мрежа во вкупна должина од 1.240 метри, при што беа применети современи материјали и технологии во согласност со највисоките технички и еколошки стандарди.
Од вкупната должина 49 метри цевководи се изведени во каналска изведба со номинален пречник ДН300, на делници каде што условите на терен го наложуваат овој тип на конструктивно решение. Каналската изведба е соодветно заштитена и изведена во согласност со прописите за одржливост и пристапност за редовно одржување.
Останатите 1.191 метар од мрежата се изведени како пред изолирани подземни цевководи, со високо енергетски ефикасна заштита, распределени по следните димензии:
ДН500 – 919 метри,
ДН150 – 165 метри,
ДН100 – 35 метри,
ДН80 – 50 метри,
ДН50 – 22 метри.
Реализацијата на фаза 2 од проектот Е2 3 претставува важен чекор кон:
- проширување на мрежата во делови каде постои зголемена побарувачка за приклучување на нови потрошувачи,
- зголемување на капацитетот и стабилноста на системот за централно греење,
- подобрување на оперативната сигурност и енергетската ефикасност на системот,
- намалување на загубите при транспорт на топлинска енергија.
Проектот директно придонесува кон унапредување на квалитетот на услугите за потрошувачите и овозможува долгорочна одржливост на системот за централно греење во опфатениот урбан реон.
Овој инфраструктурен зафат е дел од стратешката програма за модернизација на топлификациската мрежа, која предвидува фази на проширување, реконструкција и технолошко унапредување на целокупниот систем.
