
Петар Милетиќ
Со моето именување на позицијата Управител на ЕСМ Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје, на 12.09.2024 година, од самиот почеток ми беше јасно дека не преземам само функција, туку и одговорна мисија. Свесен за клучната улога што ја има оваа компанија во енергетскиот систем, особено за градот Скопје, пристапив кон задачата со сериозна посветеност.
Уште на самиот почеток беше очигледно дека наследеното поле на работа е обемно и оптоварено со последици од несовесното и неодговорно раководење од страна на претходното раководство. Се соочив со незавршени инвестициски проекти, заглавени постапки за приклучување на објекти, потреба од оптимизација на испораката на топлинска енергија, како и значителен потенцијал за намалување на трошоците во работењето.
Токму затоа, сите мои напори до денес се насочени кон носење на одлуки што придонесуваат за напредок на компанијата, но и за задржување и унапредување на квалитетот на услугата што ја нудиме на потрошувачите.
Ова го правам доследно на моето јавно ветување – да работам чесно, совесно и одговорно. Во продолжение се наведени активностите кои беа преземени во изминатите месеци кон остварување на горенаведените цели и постигнатите резултати.
РЕАЛИЗИРАНИ ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОЕКТИ
Прв најсериозен предизвик со кој се соочи новото раководство беше добивање на дозвола од Град Скопје за повторното поставување на цевките од топловодот под мостот Беласица кој што изгоре во немилиот настан, односно пожар кој што се случи на 12.05.2023 година. Неажурноста и незаинтересираноста на претходното раководство за решавање на проблемот резултираше со сериозна нарушеност на односите помеѓу Друштвото, Град Скопје и ангажираната фирма за испитување на состојба на мостот која што воедно беше и единствената која можеше да издаде документација за повторно поставување на цевките.
По неколку одржани кратки и ефективни состаноци, како и добиената поддршка од раководството на АД ЕСМ, целокупната законски потребна документација и дозволи за работа се комплетираа на 27.09.2024 година и веднаш на 30.09.2024 година се започна со монтажа на цевките. Топловодот е повторно ставен во функција, односно функционално споен со дистрибутивната мрежа на 14.11.2024 година.
Согласно лиценцата за вршење енергетска дејност УП1 со број 11-384/22 издадена од страна на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на РСМ, ЕСМ Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје има обврска „да ја одржува, надградува и проширува мрежата за дистрибуција на топлинска енергија во системот”. Исто така, согласно Договорот за закуп на постоечки систем за дистрибуција на топлинска енергија (без надомест) склучен со АД ЕСМ, ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија има обврска „да ја одржува, обновува и развива дистрибутивната мрежа согласно техничките нормативи за таков тип на опрема на начин кој што ќе овозможи сигурно, безбедно и ефикасно користење, а со цел да служи за сигурна и технички рационална дистрибуција на топлинска енергија и управување со дистрибутивниот систем”.
Во табеларниот приказ подолу прикажан е статусот на проектите на денот на моето стапување на функцијата Управител на Друштвото, компаративно со статусот на истите заклучно со средина на месец мај 2025 година.
Р.бр | НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ | Состојба 12.09.2024 | Моментална состојба | Реализирана вредност (МКД) | Проценета вредност (МКД) |
1 | Изградба на топловод Е2 од шахта Ш330 пред Министерство за економија до новопроектирана шахта Ш030 во близина на ул. Јуриј Гагарин 35 со пропратни секундарни топловоди | Административна фаза во Институции | Во напредна фаза на изведба | / | 100.594.677,00 |
2 | Изградба (дислокација) на вод Е2 од шахта Ш090 до новопроектирана шахта Ш180 со пропратни новопроектирани делови од секундарни водови -фаза 2 | Во почетна фаза на изведба | Завршен | 131.140.647,06 | / |
3 | Демонтажа на цевководот на мостот Беласица и монтажа на нов цевковод на мостот Беласица ДЕЛ 1-Демонтажа на цевковод; Специјализирани градежни работи; Демонтажа на цевководот на мостот Беласица и монтажа на нов цевковод на мостот Беласица ДЕЛ 2-Монтажа на нов цевковод | Целосно запрен | Монтиран и ставен во функција ноември 2024 година | 53.306.077,14 | / |
4 | Изградба на примарна мрежа (топловод) со ознака Е2.460 од делница Д080 до делница Д110 по улица Питу Гули во близина Топлана Водно – Скопја | Незапочнат | Во фаза на одобрување Инфраструктурен проект | / | 50.200.000,00 |
5 | Изградба на нов сеундарен.вреловод А3.010 од постоечка шахта Ш010 на вод А3 за плаирани објекти според ДУП Ј13 за населба 11-ти Октомври (фаза 1} | Во фаза на одобрување Градежна Дозвола | Завршен | 70.185.634,02 | / |
6 | Изградба на нов сеундарен.вреловод А3.010 од постоечка шахта Ш010 на вод А3 за плаирани објекти според ДУП Ј13 за населба 11-ти Октомври (фаза 2} | Административна фаза во Институции | Во фаза на одобрување Градежна дозвола | / | 53.575.000,00 |
Изградба на секундарен вреловод Е2.220.004 од нова шахта 035 на вод Е2.220 до новопроектирана шахта 020 за новоизградени објекти на ул . Козле | Во фаза на одобрување Градежна Дозвола | Завршен | 18.980.579,25 | / | |
ВКУПНО (ПРОЦЕНЕТО И РЕАЛИЗИРАНО) | 273.612.937,47 | 204.369.677,00 |
Со реализација на наведените проекти се создава можност за приклучување на приближно 15 MW нов конзум кон системот за дистрибуција на топлинска енергија.
Р.бр | НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ | Состојба 12.09.2024 | Моментална состојба | Реализирана вредност (МКД) | Проценета вредност (МКД) |
1 | Изградба на секундарен топловод со ознака Ц1.020.180 на ул. Есенинова од Ш007 до Т3 – Град Скопје и од Т3 до Ш055 и Ш010-Општина Кисела Вода | Административна фаза во Институции | Во фаза на одобрување Градежна дозвола | / | 25.930.033,00 |
2 | Изградба на секундарен вод B2.070.140.110 од постоечка шахта Ш090 до шахта Ш020 во населба АЛЕКСАНДРИЈА | Во фаза на одобрување Инфраструктурен проект | Во фаза на започнување со изведба | / | 44.600.000,00 |
3 | Изградба на секундарен вод од постоечка Ш040 на вод В2.080.006 на ул Франклин Рузвелт до Ш050 (до пред објект на ул Франклин Рузвелт бр.18 К.П.10529, КО Центар1,О.Центар) | Административна фаза во Институции | Во фаза на одобрување Градежна дозвола | / | 12.620.000,00 |
4 | Основен проект за изградба на секундарен топловод Е2.270 од шахта 340 на вод Е2 за новопредвидени објекти според ДУП Буњаковец 2 Блок 6 | Незапочнат | Во фаза на одобрување Инфраструктурен проект | / | 93.942.682,00 |
ВКУПНО (ПРОЦЕНЕТО И РЕАЛИЗИРАНО) | / | 177.092.715,00 |
НАЈМАЛ БРОЈ НА ЗАТВОРЕНИ ОБЈЕКТИ ПРЕД ПОЧЕТОК НА ГРЕЈНА СЕЗОНА – 96
Оваа грејна сезона, бележиме најмал број на затворени објекти на почетокот на грејната сезона (објекти кои не можат да добијат греење поради незавршени интервенции на потрошувачите, дефект, оневозможен пристап до потстаницата, необезбедено напојување со електрична енергија и сл.), првпат во историјата на системот под 100. Ова се должи пред сè на соработката и постојаната комуникација со потрошувачите и заедниците на сопственици, како и на заложбата на новото раководство и вработените на ЕСМ Дистрибуција на топлина, кои ја подигнаа продуктивноста на високо ниво.
Табела 1 – Затворени објекти (без греење) на почеток на грејна сезона | |
Грејна сезона | Затворени објекти |
2024/2025 | 96 |
2023/2024 | 225 |
2022/2023 | 105 |
2021/2022 | 154 |
2020/2021 | 263 |
2019/2020 | 163 |
НАЈМАЛИ ЗАГУБИ ВО ЕДНА ГРЕЈНА СЕЗОНА – 10,55%
Вториот историски рекорд во оваа грејна сезона (и најважниот), претставува најмалиот процент на топлински загуби од дистрибутивниот систем, што некогаш е регистриран. Тој е резултат на постојаната синхронизација на испораката на топлинска енергија од топлинските извори кон потстаниците на потрошувачите. Воедно, исклучително многу напори се вложени во лоцирањето и санацијата на дефектите на дистрибутивниот систем, кои се извршуваа во најкус рок, при што сите активности се изведува со континуиран надзор на изведбата на градежните и машинските зафати, а прекините на испораката на топлинска енергија до потрошувачите беа сведени на технички минимум.
Табела 2 – Процент на топлински загуби во грејна сезона
Табела 2 – Процент на топлински загуби во грејна сезона | |
Грејна сезона | Загуби % |
2024/2025 | 10,55[1] |
2023/2024 | 11,85 |
2022/2023 | 10,93 |
2021/2022 | 11,32 |
2020/2021 | 10,75 |
2019/2020 | 11,24 |
2018/2019 | 11,08 |
Со овој резултат, постигнати се следните заштеди:
Табела 3 – Заштеда на топлинска енергија и пари поради рекордно ниските загуби | ||
Заштеда во однос на најдобрата сезона (2020/2021)* | 2.212 | MWh |
124.699 | EUR | |
Заштеда во однос на најлошата сезона (2023/2024)[2] | 8.295 | MWh |
467.622 | EUR |
[1] Процентот е со пресметана енергија (согласно Мрежните правила) на влез во дистрибутивната мрежа, поради неверификувани мерни уреди во Топлана Исток и Топлана Запад – уште еден пропуст на претходното раководство. По топлинската енергија измерена од тие мерни уреди, која е релевантна за споредба со резултатите од претходните грејни сезони, топлинските загуби се уште пониски – 10,35%.
[2] Споредбата е дадена за грејните сезони во кои се користи иста мерна конфигурација во топланите. Загубите во претходните грејни сезони се уште поголеми. Заштедата е пресметана со просечна цена на топлинската енергија од 3.467 денари/MWh (цена на ТЕ-ТО по договор/методологија и регулирана цена на ЕСМ Производство на топлина согласно јавните повици за набавка на гориво природен гас).
ЗАШТЕДА НА ПАРИ ОД НАБАВКА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА
Заштедата на пари при набавката на топлинска енергија за задоволување на потребите на потрошувачите се состои од два дела – заштеда поради набавена поевтина топлинска енергија од когенеративната постројка на ТЕ-ТО и заштеда поради оптимизација на испораката на топлинската енергија кон потрошувачите.
Табела 4 – Заштеда од набавена топлинска енергија од ТЕ-ТО во однос на регулираната цена на ЕСМ Производство на топлина | ||
Просечна цена на ТЕ-ТО | 2.984 | денари/MWh |
Просечна регулирана цена на ЕСМ Производство | 3.950 | денари/MWh |
Набавена топлинска енергија од ТЕ-ТО | 270.139 | MWh |
Заштеда од набавена енергија од ТЕ-ТО | 4.243.159 | EUR |
Во оваа грејна сезона, цената на топлинската енергија од ТЕ-ТО беше за 24,4% поевтина од регулираната цена на ЕСМ Производство на топлина, додека минатата грејна сезона (2023/2024) топлинската енергија е набавувана по цена која е за 17,2% пониска од регулираната цена. Уделот на ТЕ-ТО исто така е подобрен, за 4.716 MWh, што претставува 74.074 EUR заштеда.
Земајќи го во предвид зголемениот удел на ТЕ-ТО и пониската постигната цена, реалната заштеда во однос на минатата грејна сезона изнесува вкупно 1.258.892 EUR.
Намалените трошоци кои се резултат од оптимизацијата на испораката на топлинска енергија (3% намалена специфична потрошувачка во однос на минатата грејна сезона) се дадени во продолжение.
Табела 6 – Заштеда од оптимизирана испорака на топлинска енергија кон потрошувачите | ||
Заштеда во однос на претходна грејна сезона 2023/2024 | 15.113 | MWh |
851.982 | EUR |
ЗАШТЕДА НА ПАРИ ОД ЈАВНИ НАБАВКИ
Ако се направи споредба на годишниот план за јавни набавки (ГПЈН) од 2024 година (донесен во јануари 2024) со ГПЈН 2025 (донесен во јануари 2025), може да се заклучи следново:
- Договорите и рамковните спогодби за јавни набавки на стоки за 2024 година во вкупен износ изнесувале 272.450.000 денари, додека за 2025 година истите изнесуваат 78.767.000 денари, што значи намалување на набавките за стоки за 2025 во споредба со набавките за стоки за 2024 год. за 71% (процент на намалување на вкупните набавки за стоки за 2025 во споредба со 2024 година).
- Договорите и рамковните спогодби за јавни набавки за услуги за 2024 година во вкупен износ изнесувале 102.940.000 денари, додека за 2025 година истите изнесуваат 73.435.000 денари, што значи намалување на набавките за стоки за 2025 во споредба со набавките за стоки за 2024 год. за 29% (процент на намалување на вкупните набавки за стоки за 2025 во споредба со 2024 година).
- Во делот III – Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи предвидени се две набавки за санација на дефекти и асфалтирање на оштетени асфалтни содржини кои се неопходни за Друштвото како и две набавки за демонтажа и монтажа на мерила ДН 800 за ТО Запад, ТО Исток и вод ТЕ-ТО како и дефектажа и сервисирање на истите неопходни за Друштвото бидејќи истите се со истечени жиг налепници и Друштвото има обврска истите да ги спроведе до почнување на наредна грејна сезона. Во овој дел се предвидени и инвестициите на дистрибутивната мрежа
Во делот на инвестициите на дистрибутивната мрежа кои се составен дел од ГПЈН 2025 треба да се има во предвид дека истите за 2025 година се сведени на минимум, односно инвестициската програма за 2025 е проектирана само за инвестиции кои задолжително мора да се реализираат, додека сите што можат да се одложат се оставени за подоцна.
Согласно лиценцата за вршење енергетска дејност УП1 со број 11-384/22 издадена од страна на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, ЕСМ Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје има обврска „да ја одржува, надградува и проширува мрежата за дистрибуција на топлинска енергија во системот” (точка 13, став 2) од гореспоменатата лиценца.
Инвестиции кои ќе се финансираат од надоместокот за создавање на технички услови во дистрибутивниот систем (Инвестиции кои се водат на трошковно место “К”) се во вкупен износ од 110.795.000 денари. Овие инвестиции во сметководството на Друштвото се книжат на конто 41301 – услуги за инвестиционо одржување и нивниот износ се искажува како трошок на соодветното конто во Финансискиот план за 2025 година.
Согласно Договорот за закуп на постоечки систем за дистрибуција на топлинска енергија (без надомест) склучен со АД ЕСМ, ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија по член 4 од споменатиот Договр има обврска “да ја одржува, обновува и развива дистрибутивната мрежа согласно техничките нормативи за таков тип на опрема на начин кој што ќе овозможи сигурно, безбедно и ефикасно користење, а со цел да служи за сигурна и технички рационална дистрибуција на топлинска енергија и управување со дистрибутивниот систем”.
Во 2023 година Топлана Водно заедно со целокупната пропратна опрема и инсталации е купена од правно лице, односно преминува во приватна сопственост. Новиот сопственик за да овозможи пристап до опремата бара финансиски надомест. Исто така планира и рушење на објектот и демонтажа на целокупната опрема. Заради споменатото, задолжително е потребно да се направи дислокација на постоечкиот топловод.
Инвестицијата која ќе се финансира од амортизација на дистрибутивната мрежа (Инвестиции кои се водат на трошковно место “И”) е во вкупен износ од 50.200.000 денари. Овие инвестиции во сметководството на Друштвото се книжат на конто 01590 – вложувања во туѓи недвижности, постројки и опрема и нивниот износ не се искажува во Финансискиот план.
Исто така треба да се има во предвид дека две ставки од ГПЈН 2025 и тоа Изработка на основен електро проект за пумпни станици и Изработка ревизија на основен електро проект за пумпни станици се набавки кои претставуваат зависен трошок на инвестицијата која се планира да се реализира во 2025 година а се однесува на инвестиција на дистрибутивната мрежа Топлана Водно која ќе се финансира од годишната амортизација на дистрибутивната мрежа. Овие трошоци во сметководството на Друштвото ќе се книжат на конто 01590 – вложувања во туѓи недвижности, постројки и опрема и нивниот износ не се искажува во Финансискиот план.
Залихите во магацин редовно ќе се контролираат пред пуштањето на било кое конкретно барање за нарачка од страна на секој Одделенски Раководител, а со цел да не дојде до дуплирање на количините на бараниот материјал, односно до максимално исцрпување на конкретните залихи, а со самото тоа и намалување на непродуктивните трошоци.
Друштвото пред било кое објавување и започнување на реализација на јавната набавка ќе изврши набавка само на неопходните материјали и услуги, кои ќе бидат неопходни за непречено вршење на дејноста дистрибуција на топлинска енергија и на овој начин ќе ги оптимизира оперативните трошоците. Друштвото води прецизна евиденција и контрола на истите и со тоа нема да генерира непродуктивни трошоци. Повеќето јавни набавки се планирани да се реализираат како Рамковна спогодба. Со веќе спроведените јавни набавки во 2025 година, погоре образложеното е пракса. Друштвото воведе и Образец – Налог за набавка за јавните набавки кои се однесуваат на стоки.
ЗАШТЕДА ВО ПАРИ ОД СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО 2025, ВО СПОРЕДБА СО ИСТИТЕ СКЛУЧЕНИ ВО 2023/2024
- Заштеда од набавка „Одржување на Вортекс СКАДА системот“:
- Намалување на цената за 32.560 EUR годишно (од 6 на 4 милиони денари);
- Договорен бесплатен период на одржување за текот на целата грејна сезона, од 21.08.2024 до 09.04.2025 година, со заштеда од 57.000 EUR (3,5 милиони ден.).
- Заштеда од набавка „Завртки, навртки, подлошки, чивии, навојни вретена “:
- Во годишниот план за јавни набавки од 2024 година вредност на склучен договор и реализација на истиот е 1.200.000,00 денари.
- Во годишниот план за јавни набавки од 2025 година вредноста на склучениот договор е 930.000,00 денари, што претставува намалување на проценетата вредност во 2025 година во споредба со 2024 година од 23%, со вкупна заштеда од 4.390 EUR (270 илјади денари). Овој договор во 2025 година е склучен како Рамковна спогодба.
- Заштеда од набавка „ Гас (кислород О2, Ацетилен С2Н2) за оксигено заварување “:
- Во годишниот план за јавни набавки од 2024 година вредност на склучен договор е 3.000.000,00 денари.
- Во годишниот план за јавни набавки од 2025 година вредност на склучен договор е 1.200.000,00 денари, што претставува намалување на проценетата вредност во 2025 година во споредба со 2024 година од 60%, со вкупна заштеда од 29.268 EUR (1,8 милиони денари). Овој договор во 2025 година е склучен како Рамковна спогодба.
- Заштеда од набавка „ Гориво за моторни возила“:
- Во годишниот план за јавни набавки од 2024 година вредност на склучен договор е 3.000.000,00 денари.
- Во годишниот план за јавни набавки од 2025 година вредност на склучен договор е 2.420.381,00 денари, што претставува намалување на проценетата вредност во 2025 година во споредба со 2024 година од 19,32%, со вкупна заштеда од 9.425 EUR (580 илјади денари).
Табела 7 – Заштеда од потрошувачка на гориво | |
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО | |
Tрошок на гориво за период септември 2024 – април 2025 | 998.427 |
Tрошок на гориво за период септември 2023 – април 2024 | 1.460.874 |
Намалување/зголемување % (2024-2025 во споредба со 2023-2024) | -32% |
Доколку се направи споредба според потрошувачка на гориво за период од септември 2024 (со доаѓање на новото Раководство) со април 2025, во споредба со истиот период од претходното Раководство (период септември 2023 со април 2024) може да се заклучи дека потрошувачката на гориво со новото Раководство е намалена за 32%, со вкупна заштеда од 7.520 EUR (462,45 илјади денари), видно од табелата подолу.
ЗАШТЕДА ВО ПАРИ ОД СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ НА ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА ВО 2024/2025
- Дел 1 – Изградба на нов секундарен топловод А3.010 од постоечка шахта 010 на вод А3 делница 005 за планирани објекти според ДУП Ј13 за населба 11-ти Октомври: Во април 2025 година направена е Прва измена на договор во текот на неговата важност, со која се намалува вредноста на првичниот договорот за 8,23% со вкупна заштеда од 90.300 EUR (5,5 милиони денари).
- Дел 3 – Изградба на нов секундарен топловод Е2.220.004 од нова шахта 035 на вод Е2.220 до новопроектирана шахта 010 за новоизградени објекти на ул. Козле: Во март 2025 година направена е Прва измена на договор во текот на неговата важност, со која се намалува вредноста на првичниот договорот за 0,19% со вкупна заштеда од 476 EUR (29 илјади денари).
- Дел 3 – Изградба (дислокација) на вод Е2 од шахта Ш090 до новопроектирана шахта Ш180 со пропратни новопроектирани делници од секундарни водови: Во март 2025 година направена е Прва измена на договор во текот на неговата важност, со која се намалува вредноста на првичниот договорот за 15% со вкупна заштеда од 329.211 EUR (20,25 милиони денари).
ЗАШТЕДА ВО ПАРИ ОД СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ КОИ НЕ СЕ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ ВО 2024/2025
- Намалување во договорите за закуп на деловен простор:
- Потпишан Анекс договор за закуп на деловен простор со Скопски пазар на месечен износ без ддв од 43.143,00 ден. Првичниот потпишан договор за истиот деловен простор од страна на старото Раководство е на месечен износ без ддв од 132.274,00 ден., што значи намалување од 67,38%. Ова значи вкупна заштеда од 01.11.2024 до крај на 2025 година од 18.841 EUR (1,16 милиони денари).
- Потпишани Анекс договори за закуп на деловен простор со Хемиски инженеринг на месечни износи без ддв од 133.479,00 ден. и 79.650,00 ден. Првичните потпишани договори за истите деловни простори од страна на старото Раководство се на месечен износ без ддв од 148.310,00 ден. и 88.500,00 ден., што значи намалување од 10% на износот на закуп по соодветен договор месечно, односно годишно намалување на вредноста за закуп на овие два простора од 89%. Ова значи вкупна годишна заштеда од 4.621 EUR (284 илјади денари).
- Договор за закуп за топлотна потстаница:
– Претходното Раководство има склучено Договор за закуп за топлотна потстаница на месечен износ без ддв од 362.850,00 ден. кој е спорен и за кој се води Судски спор. Друштвото со доаѓањето на новото Раководство месечните ф-ри за закуп на топлотна потстаница не ги прифаќа во својата сметководствена и финансиска евиденција, односно истите не се предмет на обработка во сметководствена и финансиска евиденција на Друштвото. Ова за Друштвото значи вкупна заштеда од 01.09.2024 до 20.10.2025 година (важност на спорниот договор) од 80.506 EUR (5 милиони денари). Друштвото очекува дека судскиот спор ќе биде во негова корист.
РЕДОВНО ПОДМИРУВАЊЕ НА ОБВРСКИ ПО ОСНОВ НА КУПОПРОДАЖБА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА
Друштвото има обврски кон лиценциран регулиран производител на топлинска енергија – ЕСМ Производство на топлина ДООЕЛ Скопје. Со доаѓањето на новото Раководство, Друштвото редовно ги сервисира обврските по основ на купопродажба на топлинска енергија од регулираниот производител на топлинска енергија.
Табела 8 – Одливи по основ на купопродажба на топлинска енергија кон ЕСМ Производство | |
Период | |
период 01.10.2024-19.05.2025 | 972.233.421,50 |
период 01.10.2023-19.05.2024 | 787.640.848,00 |
зголемување/намалување % (01.10.24-19.05.2025 во споредба со 01.10.23-19.05.24) | 23% |
Ова значи дека Друштвото споредбено за истиот погоре наведен период поредовно ги сервисира своите обврски во однос на претходното Раководство и покажува дека одливите за купопродажба на топлинска енергија од регулиран производител се зголемени за 23%, односно за 3 милиони EUR (184,6 милиони денари).
РЕЗИМЕ
Според горе наведените показатели, се покажува дека новото Раководство вложува напори во намалувањето на трошоците во секој еден сегмент каде што е тоа возможно, а исто така ја подобрува и ликвидноста на Друштвото што се гледа преку последниот показател, купопродажбата на топлинска енергија каде што Друштвото превзема чекори за поредовно сервисирање на обврските, како на заостанатите, така и на тековните обврски.
Од горе приложеното, вкупното рационализирање на трошоците од набавка на топлинска енергија (намалени загуби, намалена потрошувачка и пониска цена од нерегулиран производител – ТЕ-ТО), во периодот на управување на Друштвото со новото Раководство споредено со претходниот период, изнесува 2.578.496 EUR (158,6 милиони денари), додека вкупното рационализирање на трошоците изразено преку склучување на нови поповолни Договори изнесува 624.038 EUR (38,4 милиони денари) или севкупно 3.202.534 EUR (197 милиони денари).