Статус

ЕСМ Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје е друштво со ограничена одговорност, основано од АД за производство на електрична енергија ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, кое се занимава со енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија како дејност од јавен интерес, односно преземање на топлинска енергија од производителите и нејзина испорака до објектите приклучени на дистрибутивниот систем.

 Друштвото е основано во Јули 2022 година и е запишано во трговскиот регистар како Друштво за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје со седиште бул.11-ти Октомври бр.9, Скопје – Центар, со општа клаузула за Бизнис.

Регистрирана и лиценцирана дејност

Јавната дејност дистрибуција на топлинска енергија друштвото ја извршува согласно Законот за енергетика и Лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија ТЕ-ДИСТР-17-2022 издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ со временски период на важење на лиценцата 35 години и Одлука за менување на одлуката за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија УП 1 бр.11-480/22 (Сл.весник бр.22/2023), со која се зголемуваат капацитетите со кои се врши дејноста.

Лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија

Врз основа на Законот за енергетика и одредбите на Лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија, Друштвото ја врши енергетската дејност – дистрибуција на топлинска енергија на подрачјето на градот Скопје, односно на делови од подрачјата на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир.

Дистрибуцијата на топлинска енергија се врши преку дистрибутивниот систем кој се протега од точките на прием на произведената топлинска енергија, преку главни, секундарни и приклучни водови, до топлински потстаници (мерните места), односно точките на испорака на топлинска енергија за греење.

Друштвото поседува Лиценца А за проектирање на градби од прва категорија бр.П.513/А со важност до Јануари 2030 година издадена од Министерството за транспорт и врски на РСМ.

Управување и организациона структура

Друштвото функционира како заокружена организационо-технолошка целина, со јасно дефинирани оперативни задачи кои произлегуваат од обврските на лиценцата за енергетската дејност од јавен интерес која ја поседува.

Управувањето во Друштвото е организирано согласно одредбите на Законот за трговските друштва и со него управува Директор.

Функцијата Директор од септември 2024 година ја извршува Петар Милетиќ.

Петар Милетиќ
Одговорно лице за информации од јавен карактер